Џеко е феномен, за една петолетка во Рома стана трет стрелец во клупската историја

Един Џеко е вистински феномен и денеска со еден погодок против Болоња успеа да стане трет стрелец во клупската историја на Рома, за само една петолетка.

Во Рим стаса од Манчестер сити во 2015 година и првата сезона ја одигра како позајмен играч. Постигна 8 гола што беше солиден старт за репрезентативецот на БиХ, а денеска со погодокот во 10. минута против Болоња стаса до вкупно 111 погодоци и го дели третото место на вечната листа со најдобри клупски стрелци на римската волчица.

Недостижен на врвот е Принцот на Рим, Франческо Тоти со 307 голови за Рома, а зад него е Роберто Пруцо со 138. Џеко од денеска е трет заедно со Амадео Амадеи, но има уште мечеви пред него за клубот од Рим, па дури достижно е и второто место, ако подолго остане во Рим.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести