Џенаро Гатузо го официјализира договорот со Валенсија!

Италијанецот Џенаро Гатузо сега веќе и официјално е нов тренер на шпанскиот прволигаш Валенсија.

Договорот на популарниот Рино со Лилјаците е на две години, до 30 јуни 2024, а годишната плата ќе му биде 3 милиони евра, плус бонус ако го однесе тимот во Лигата на шампионите или Лигата на Европа. Во тренерската кариера, последните два клуба на 44-годишниот Гатузо му беа Милан и Наполи. Со Наполи во 2020 го освои Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести