Џенова бара 40 милиони евра за Пјонтек, Милан дава помалку пари и играчи

Милан и Џенова сè уште преговараат за трансфер на извонредниот полски напаѓач Кжитшоф Пјонтек, цената се знае, но двете страни имаат сосема поинакви барања и понуди.

Трансферот на Пјонтек ќе го чини Милан 40 милиони евра, но „росонерите“ сакаат да заштедат некое евро, па се обидуваат да платат помалку пари и да ѝ отстапат на Џенова еден или двајца играчи.

Се споменуваат Ален Халиловиќ и Хозе Маури, а италијанските медиуми тврдат дека двете страни сигурно ќе се договорат и Пјонтек ќе го замени Гонзало Игуаин во нападот на Милан.

- Оглас -

Најнови вести