Џенова го објави списокот на заразени – Пандев нема корона-вирус

Горан Пандев нема корона-вирус и тестот му е негативен, а Џенова го објави списокот со 14-мина играчи што веќе се во карантин со позитивен тест.

Меѓу нив се: Марко Пјаца, Валон Бехрами, Давиде Запакоста, Радовановиќ, Маркети, Лерагер, Мелегони, Касата, Шоне, Пелегрини, Перан…

Има и пет заразени кои се членови на стручниот штаб, а најстариот клуб во Италија и буквално е парализиран со пандемијата со ковид-19.

Неизвесно е дали Пандев ќе може да допатува во Скопје за мечот со Косово на 8 октомври, иако има негативен тест на ковид-19.

За среќа, и Елиф Елмас крутули од пандемијата откако со Наполи викендов играа против Џенова, а кај Наполитанците нема фудбалери со позитивен тест.

- Оглас -

Најнови вести