32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Баерн и Лајпциг ќе продолжат по старо, германското дерби е таман за новата игра во Sport Life

3001 Рома – Џенова (Серија А, Италија, 15 часот)

Џенова купи речиси цел нов тим во зимскиот преоден рок, а од екипата си замина нашиот Горан Пандев.

За да се создаде компактна целина со десеттина нови играчи на гостите ќе им треба време, а за нив има уште 15 кола за да успеат да се спасат од испаѓање.

Џенова нема дадено гол во Серија околу 200 минути, што исто така е голем проблем.

Рома има страшно добра серија од 15 меча без пораз во меѓусебните дуели.

Џенова е во хаотична ситуација, што ќе ја искористат домаќините да им дадат барем по еден гол во двете полувремиња.

Предлог тип: Т1 1+I&1+II (2.07)

 

1804 Аугсбург – Унион Берлин (Бундеслига, Германија, 15,30 часот)

Коефициентот за победа на гостите е одличен, ако се знае дека Унион игра во врвна форма со шест меча без пораз во Бундеслигата.

Тимот од главниот град е на четвртото место што води во Лигата на шампионите и се надева дека ќе го прегрми и 21 коло во квартетот најдобропласирани екипи.

Унион Берлин гази и на гостински терен со две победи и реми на последните три патувања надвор од главниот град.

Сега им се врати и првиот стрелец Таиво Авоњи од Африканскиот куп на Нации што е уште еден потстрек за нова победа.

Аугсбург е во серија од пет меча без победа и типуваме дека низата ќе продолжи и денеска со пораз од Унион Берлин.

Предлог тип: 2 (2.55)

 

1303 Мајорка – Кадис (Ла Лига, Шпанија, 16,15 часот)

Интересен е податокот дека на последните 8 меѓусебни дуели на Мајорка и Кадис во Ла Лига и Сегунда ниту еднаш немаше повеќе од три гола, па очекуваме нов тврд меч најмногу со три погодоци, но не и повеќе.

Двете екипи се борат за опстанок, што дополнително им дава вредност на бодовите за кои денеска ќе се игра на стадионот „Визит Мајорка“.

Хендикеп за гостите е што нема да им игра најдобриот стрелец Чоко Лозано, а ќе им фалат уште неколку играчи.

Кај домаќините ќе недостасува стандардниот дефанзивец Франко Русо, но Кадис со остуството на Лозано има поголем проблем од Мајорка со Аргентинецот.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1,50)

 

1807 Баерн Минхен  – Лајпциг (Бундеслига, Германија, 18.30 часот)

Играта ГГII&3+II е една во низата новитети на Sport Life, а мечот меѓу актуелниот првак и вицешампионот на Германија е како погоден за да се одигра дека двете екипи ќе дадат гол во второто полувреме, во кое ќе има и најмалку три погодоци.

Така беше при последните две гостувања на Биковите во Минхен, па очекуваме и хет-трик.

За ваква прогноза има подлога, бидејќи Баерн е вистинска машинерија со 65 постигнати голови во 20 кола сезонава во Бундеслигата.

Лајпциг е во топ форма со четири победи по ред, па мотив на гостите е да се изненади шампионот во трката за место во Лигата на шампионите.

Баерн е прв на табелата со шест бода предност пред Борусија Дортмунд, но не смее да се опушти, бидејќи има уште 14 кола до крај на првенството.

Предлог тип: ГГII&3+II (3,75)

 

5151 Буркина Фасо – Камерун (Африкански Куп на Нации, 20 часот)

Големо разочарување владее во Камерун по поразот на пенали во полуфиналето против Египет.

Домаќините очекуваа пласман во финалето, но сега ќе играат за бронза, наместо за пехарот наменет за најдобрата репрезентација во Африка.

Во слична ситуација петкратните прваци на Африка беа и во 1972 година кога како домаќини ја освоија бронзата со победа од 5:2 против Заир.

И сега се фаворити против Буркина Фасо, селекција која има една вицешампионска титула од 2013 година, а беа трети пред 3 години.

Камерун ќе сака барем малку да се рехабилитира со бронза и типуваме дека ќе успее да ја освои.

Предлог тип: 2 (2.02)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести