Џенова повторно во потрага по тренер

Сопственикот на Џенова, Енрико Прециози, повторно е зафатен со барање нов тренер на тимот кој божиќните празници ќе ги мине на последно место во Серија А и во многу тешка положба.

Многумина за слабите резултати го обвинуваат ексцентричниот Прециози, велат дека нема никаква стратегија за развој, но тој е газда и познат е по честите тренерски смени. На тренерите не им дава време за докажување, па сега повторно се спомнува дека ќе го разреши Тијаго Мота и ќе го врати Давиде Балардини, кому тоа би му бил четврт престој на кормилото на Грифоните.

Мота пред неполни два месеци седна на клупата и факт е дека извојува само една победа, но тешко дека некој може да поверува дека тренерите се единствени виновници за лошите резултати. Во минатата сезона Џенова во последното коло се спаси од испаѓање, а сега преселбата во Серија Б повторно е реалност.

- Оглас -

Најнови вести