Стоперот на англиската репрезентација, Џон Стоунс, би можело како слободен агент да се пресели во Јувентус.
Според информациите на „Скај спорт“, Стоунс му бил понуден на италијанскиот гигант и постои можност кариерата да ја продолжи во Торино.
Не е тајна дека Џон Стоунс уште во март бил понуден и на Интер, но миланскиот клуб не покажал интерес за неговите услуги. Сега останува да се види каков ќе биде одговорот на Јувентус.
Стоунс ова лето остана без договор со Манчестер сити откако поради серија повреди имаше ограничена минутажа во изминатите две сезони.
Искусниот дефанзивец има 32 години и зад себе има богата кариера. Во Премиер лигата одигра 257 натпревари, носејќи ги дресовите на Евертон од 2013 до 2016 година, а потоа на Манчестер сити повеќе од една деценија.
За Манчестер сити настапи и на 62 натпревари во Лигата на шампионите, трофејно натпреварување кое го освои во 2023 година. Со Граѓаните шестпати ја освои и титулата во Премиер лигата.
Стоунс е и долгогодишен англиски репрезентативец и е дел од селекцијата што настапува на Светското првенство. За националниот тим има запишано 92 настапи.

