Џонсон влезе во „војна“ против Ливерпул и Манчестер јунајтед

Британскиот премиер Борис Џонсон го критикуваше планот на реформирање на англиската Премиер лига. Со проектот „Големата слика“, кој го предводат двата најтрофејни клубови во Англија, се предвидува кратење на Премиер лигата од 20 на 18 тима и укинување на Лига купот и Комјунити шилд суперкупот, со тоа што 250 милиони фунти би се дале за помош на клубовите од првата, втората и третата дивизија во Англија.

Многу клубови страдаат од играњето без публика во услови на пандемија, финансиските загуби се големи. Предлогот е прифатлив за првиот човек на Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), Рик Пери, но премиерот се плаши дека ако се прифати радикалниот план на Ливерпул и Јунајтед, ќе се намали довербата во фудбалските власти.

 

- Оглас -

Најнови вести