Џошуа ќе се откаже од „Вембли“ и првпат ќе се бори во Њујорк?

Ентони Џошуа, светскиот првак во профи бокс во тешка категорија во четири од петте верзии, наместо на свој терен на 13-ти април во Лондон против Донтеј Вајлдер, веројатно наредната борба ќе ја има во јуни, во Њујорк против Џерел Милер.

Милер нема пораз во кариерата и често му се заканува на Џошуа. Британецот сака да одговори на предизвикот и да му закаже дуел на Милер во „Медисон Сквер гарден“. Тие двајца кога се сретнаа во Њујорк, имаа конфронтација, а Милер рече дека нема ништо лично против Ентони, но кога-тогаш, ќе го удри в лице.

Милер, кого го викаат Големо бебе, е поранешна ѕвезда во кикбокс и во кариерата има само два порази, и тоа двата од Мирко „Кро Коп“ Филиповиќ. Како боксер, има 24 меча, од кои 23 се победи и едно реми од почетокот на кариерата, а од победите 20 се со нокаут.

Конечната одлука ќе се донесе наскоро.

- Оглас -

Најнови вести