Диало го прелета Шекил и победи на натпреварот во забивање (Видео)

Амиду Диало е победник на натпреварот во забивање, најатрактивниот настан на саботната програма од ол-стар викендот во НБА. Бекот на Оклахома Сити тандер, имаше помош од Расел Вестбрук и Шекил О`Нил кои учествуваа како статисти во неговите забивања.

Најубавиот момент беше кога Диало облечен со наметка од Супермен, го прескокна Шекил и ја заби топката со лактот во кошот. И останатите три забивања му беа доволно атрактивни, за тој да добие највисоки оценки. Финалист беше и Денис Смит џуниор. Забивањата се дел од ол-стар викендите од 1984 година наваму и секогаш се најинтересни за гледање.

Погледнете ги забивањата на победникот Диало:

Во шутирањето тројки, титулата му припадна на Џо Херис, кој во финалната серија го совлада Стеф Кари. Херис од Бруклин нетс, во последната серија имаше 26 поени, а Кари 24. Херис првпат во кариерата учествуваше на натпреварот во шутирање тројки.

Џејсон Тејтум од Бостон селтикс беше најснаодлив во Вештини. Тој заостануваше зад конкурентите при додавањата и дриблинзите, но кога доаѓаше редот да се даде тројка, од кои една од половина терен, тој беше најдобар.

- Оглас -

Најнови вести