Дибала им се извинил на соиграчите

Масимилијано Алегри рече дека Пауло Дибала на тренинг им се извинил на соиграчите од Јувентус и порача дека нема веќе да му се повтори ситуацијата како минатата сабота.

Аргентинецот Пауло Дибала кој се најде во центарот на вниманието пред една недела кога во знак на протест, пред завршувањето на мечот Јувентус-Парма си замина во соблекувална, му падна тешко што не влезе во игра на тој дуел кој заврши нерешено.

Тренерот Алегри не сакаше после мечот со Парма да зборува за потегот на Дибала, туку се пошегува дека можеби на Пауло ми било ладно, па затоа заминал во соблекувална, а потоа призна дека Аргенинецот не бил задоволен.

„Дибала се извини, јас тоа и го очекував од момче кое е интелигентно. Сфати што направи, призна дека погрешил и јас тоа го ценам. Клубот го задолжи со тоа што му го даде дресот со бројот 10, кога не игра Кјелини, тој е наш капитен, и мора да разбере дека носи голема одговорност. Ќе игра со Сасуоло, нема потреба да го казнувам“ – изјави Алегри.

- Оглас -

Најнови вести