Диџеј Панчо со тетоважа го овековечи пласманот на Македонија на ЕП: Кога ќе ти се исполни детскиот сон… (фото)

Диџеј Панчо на свој начин реши да го овековечи историскиот пласман на Македонија на претстојното Европско првенство.

Популарниот македонски музички артист на „Инстаграм“ се пофали со новата тетоважа на ногата, на која што во позадина на македонското сонце се испишани имињата на сите репрезентативци на чело со селекторот Игор Ангеловски, кои идното лето гордо ќе ја претставуваат нашата земја на континенталниот фудбалски собир.

„Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои и имам на моето тело и сум горд на истата и на нашите репрезентативци кои ни ја овозможија оваа неопислива гордост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех. Браво момци, херои наши! МАКЕДОНИЈА на Европко 2021“, пишува во објавата на Диџеј Панчо.

Инаку, Диџеј Панчо минатата година беше дел од хуманата акција на Спорт Манија и Sport Life, во која ни раскажа за фудбалската авантура во Неапол и дружбата со Елиф Елмас, македонскиот дијамант.

- Оглас -

Најнови вести