Диего Коста може да направи трансфер во Турција

Голгетерот на Атлетико Мадрид Диего Коста е на листата на желби на турскиот гигант Фенербахче. Искусниот 31-годишен напаѓач е принуден да си бара нов клуб откако се најавува дека ќе биде дури трет избор во нападот на Јорганџиите. Пред Коста, предност во нападот на Атлетико ќе имаат Жоао Феликс и Алваро Мората.

Актуелниот договор на Коста со тимот од Мадрид е на уште една година, што значи дека доколку не планираат на него, Атлетико нема да му даде нов договор, а ако сака да заработи од евентуалниот трансфер, најдобро ќе биде да го продаде во овој преоден рок.

Фенербахче упатил барање до Атлетико за доведување на Коста, кој треба да биде замена за Ведат Мурики, кој минатата сезона беше најдобар стрелец. Пред неколку дена Мурики беше продаден во Лацио и сега Фенербахче замената може да ја најде во Коста.

- Оглас -

Најнови вести