Димитријевиќ најдобар кошаркар во 2019, признание и за кадетите

КФСМ на свечената церемонија ги додели наградите за најдобрите кошаркари, клуб, репрезентација и тренери.

Лауреатот за најдобар кошаркар во изминатава година му припадна на Ненад Димитријевиќ, членот на шпанскиот Хувентуд, кој се покажа во добро светло во АЦБ лигата. Александра Стојановска е избрана за најдобра меѓу дамите.

Машката репрезентација до 16 години, која на последното кадетско ЕП го освои 12-тото место, ја доби наградата за најдобра селекција.

Предводникот на актуелниот шампион МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, ја доби наградата за најдобар тренер кај мажите, додека Жаклина Стојановска се закити со признанието во женска категорија. Емил Рајковиќ е избран за најдобар тренер во странство.

Најдобар машки тим за 2019 година е МЗТ Скопје, додека Вардарки се најдобри меѓу жените.

Најдоброто од Макбаскетот за 2019 година:

Најдобар кошаркар: Ненад Димитријевиќ
Најдобра кошаркарка: Александра Стојановска

Најдобар тренер (мажи): Ѓорѓи Кочов (МЗТ)
Најдобар тренер (жени): Жаклина Стојановска (Вардар)
Најдобар тренер во странство: Емил Рајковиќ (Астана)

Најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје
Најдобра женска екипа (сениори): ЖКК Вардар

Најдобра млада репрезентација: У16 (Дивизија А)
Најдобар млад кошаркар: Андреј Јакимовски
Најдобра млада кошаркарка: Илина Селцова

Најдобар тренер младинска (мажи): Горан Крстевски (МЗТ)
Најдобар тренер младинска (жени): Владимир Ѓоровиќ (Струга)
Младинска екипа (мажи): МЗТ Скопје
Младинска екипа (жени): Бадел

Најдобар судија: Александар Милојевиќ
Награда: За Специјалната Олимпијада
Награда: Водњански Лисици (25 години постоење)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести