Динамо Дрезден испадна во трета лига, а навивачите слават (Видео)

Навивачите на Динамо Дрезден со песни и аплаузи ги поздравија фудбалерите на нивниот омилен тим, иако Динамо вчера испадна во третата лига. Фановите покажаа дека ќе им дадат поддршка и во вакви тешки моменти. Тие ги поздравија играчите за работата и трудот што го вложија, но тоа се покажа како недоволно за опстанок во Цвајта.

И играчите беа збунети од атмосферата која беше спротивна од тоа што се случи викендов во Унгарија, каде што навивачите на испаднатиот Дебрецин ги малтретираа фудбалерите, а слично беше и во Србија со Партизан по поразот во финалето на Купот.

Динамо е осумкратен првак на некогашна Источна Германија, последен пат во 1990 година, пред таа држава да се спои со Западна Германија.

- Оглас -

Најнови вести