Динамо Дрезден поблиску до втора лига отколку Кајзерслаутерн

1811 Динамо Дрезден – Кајзерслаутерн (20.30 часот)

Кајзерслаутерн испушти одлична шанса во лигашкиот дел да се пласира во втората германска лига, вака е на чекор од останување во третолигашкото друштво. Двата тима имаат многу фанови и клубови се со богата историја, но само еден може да се радува вечерва. Првиот дуел заврши 0-0, сега домаќин е тимот од источниот дел на Германија, кој се бори да остане во Цвајта. Динамо нема ниту една лигашка победа во 2022 година. Последниот меѓусебен дуел на овие тимови во Дрезден беше спектакуларен, со победа на домашните од 4-3.

Предлог тип: & 0-3 (1.74)

 

3523 Пјуник – Арарат (17.15 часот)

Ова е дуел од ерменската лига во кој домашните се големи фаворити, но традицијата е на страна на гостите. Пјуник е на делба на првото место, со тоа што Пјуник има и еден меч помалку, па ако победи вечерва, ќе биде осамен на врвот со предност од три бода, што може да биде значајно, бидејќи има само три порази сезонава. Арарат има два порази по ред, четврти е на табелата, и има дури 25 бода помалку од Пјуник. Пјуник е тим со втор најефикасен напад и втора најцврста одбрана во лигата, но од последните осум меча дома против Арарат, Пјуник доби само еден. Во декември, Арарат победи со неверојатни 6-2.

Предлог тип: ГГ (1.72)

 

3501 Жилина – Тренчин (18.00 часот)

Станува збор за полуфинале од словачкиот плејоф за место во Конференциската лига. Се игра еден меч, а домаќин е Жилина, која беше подобра во лигашкиот дел од сезоната. Жилина не знае за победа уште од 9 март кога доби еден меч во Купот, додека Тренчин нема пораз од април, но играа во различни лиги, Жилина беше во топ 6, а Тренчин во лигата за опстанок. Последните четири нивни меѓусебни среби завршуваа со 4+ голови. Тренчин славеше со 3-1 на неговото последно гостување во Жилина во септември, но после во декември, Жилина му врати во Тренчин со истиот резултат.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.75)

 

1640 Екселзиор – Ден Хаг (20.00 часот)

Холандските второлигаши се борат за влез во елитното друштво, а ова е прв меч од двобојот, за пет дена ќе има и реванш на кој Ден Хаг ќе биде домаќин. Екселзиор сезоната во Ерсте дивизија ја заврши на шесто место и имаше четири ремија во последните четири кола. Ден Хаг беше четврти и покрај тоа што под казна стартуваше со минус од шест бода. Ден Хаг последните четири меча ги доби со резултат 2-1, а и Екселзиор е тим кој често игра ефикасни мечеви со голови на двете страни. Во јануари кога Ден Хаг последен пат му гостуваше на Екселзиор, средбата заврши 3-2 за гостите.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.80)

 

1721 Вилефранш – Руен (20.30 часот)

Руен се бори за опстанок во француската Лига 2, додека Вилефранш кој беше трети во третата лига, има одлична победничка серија. Ова е прв меч од битката за место во втората лига, ќе има и реванш. Од последните десет меча и на едниот и на другиот тим, само по еднаш играа нерешено. Последните четири меѓусебни дуели им завршуваа со 2 гола, а немало повеќе од два гола и на сите три нивни пресметки кога Вилефранш бил домаќин.

Предлог тип: 2-3 гола (1.96)

- Оглас -

Најнови вести