Динамо го нокаутираше Шахтар и во следното коло може да ја прослави титулата во Украина

Динамо Киев го доби големото дерби против Шахтар со 1-0, со гол од пенал на Карлос Де Пена, и има 10 бода предност на четири кола до крајот на сезоната во украинскиот шампионат. Со тренерот Мирчеа Луческу кој дојде токму од Шахтар, Динамо ја прекинува серијата од четири титули едноподруго на тимот од Доњецк.

Динамо од 2016 година чека титула, а може да ја прослави веќе во следното коло, ако успее да победи против Ингулец. Динамо може и со реми да биде првак, ако Шахтар не го добие својот меч против Олександрија.

- Оглас -

Најнови вести