Динамо Москва не се откажува, има зимски план за ангажман на Ристовски

Динамо Москва не се откажува од идеата да го ангажира македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и има план Б за трансфер, откако десниот бек на Спортинг ги одби летоска.

Рускиот тим сака да го ангажира Ристовски, отштетата не е превисока и се движи околу 3 милиони евра, а сега и позицијата на Стефан е малку поинаква.

Тој се надеваше дека страстите ќе се смират, откако беше казнет поради одбивање на трансфер во Динамо со преселба во младинскиот тим, но Рубен Аморим не се премислува.

Ристовски нема да добие шанса да игра се до истекот на договорот со Спортинг, идната година во јуни, а во прилог не му оди и првата позиција на табелата во португалското првенство на популарните Лавови од Лисабон.

Раководството на Спортинг го поддржува максимално тренерот Аморим, па на Ристовски му останува да се пресели во друга средина, ако сака да игра.

Трансфер во Динамо Москва, или во некој друг клуб ќе му овозможи на заменик капитенот на македонската репрезентација да игра стандардно пред настапот на нашата репрезентација на Европското првенство од 11. јуни до 11. јули идната година.

 

- Оглас -

Најнови вести