Дирекот ја спаси Шкотска, Пикфорд ја чуваше Англија во сиромашното Островско дерби (видео)

Англија и Шкотска мораа да се задоволат со поделба на бодовите во ремито без голови кое се одигра на „Вембли“ во Лондон. Најстарите репрезентативни ривали не го оправдаа Островското дерби како што се најавуваше, недостасуваше она главното иако жарта на теренот беше очигледна.

Веќе во 10-тата минута Англичаните можеа да дојдат до погодок преку дефанзивецот Стоунс, но неговиот удар со глава по изведениот корнер заврши во дирекот на противничкиот гол.

Пикфорд на другата страна со фантастична интервенција во 30-тата минута го спречи О’Донел да направи изненадување. Во вторите 45 минути се играше со повеќе тактичко надмудрување, па Англија по два меча има четири бода и речиси е сигурен патник во осминафиналето, додека Шкотите против Хрватска ќе се обидат да стигнат до нокаут фазата.

- Оглас -

Најнови вести