Директор на Јуве, не сакајќи откри за кои фудбалери е заинтересиран клубот

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, го направи гафот на годината, откако во еден римски ресторан, ја заборавил салфетата на која на соработниците им ги објаснувал плановите на клубот во наредните преодни рокови.

Салфетата беше искината, но некој, не се знае дали од вработените во ресторанот или гостин, ги состави парчињата и ги фотографирал, па деталите кои завршија кај некои италијански медиуми.

Експедицијата на Јуве од вчера е во Рим, поради вечерашното гостување кај Лацио. Не е тајна дека Јувентус има одредени играчи за кои се шпекулира дека им се мета како потенцијални засилувања, но има и некои изненадувачки имиња како младите Ѕенаро од Венеција и Демирал од турска Алања. За нив, Јувентус би платил по 7 милиони евра.

Според листата на салфетата, „старата дама“ сака да го привлече Ѕаниоло од Рома, но тоа ќе биде тешка мисија, а потенцијални засилувања се Ромеро кој е во Џенова, и „новиот Пирло“, Тонали од Бреша. За Ромеро и Тонали, Јуве би платил по 20, а за Ѕаниоло 40 милиони евра.

За Киеза од Фиорентина, Јувентус би дал 50 милиони, а доколку Пјаниќ си замине, гигантот од Торино би го ангажирал Милинковиќ Савиќ.

- Оглас -

Најнови вести