Директорот на Дортмунд го откри планот околу Халанд

Како што се наближува крајот на актуелната сезона, така сè повеќе се појавуваат шпекулации околу можни големи трансфери за претстојното лето, а, секако, името на Ерлинг Халанд се споменува најчесто.

Бројни гиганти се обидуваат да го добијат потписот на младиот норвешки голгетер, кој ги освои симпатиите на целта фудбалска јавност со своите фантастични настапи прво за Салцбург, а потоа и за Борусија Дортмунд.

Според спортскиот директор на Милионерите, Ханс-Јоаким Вацке, Халанд ова лето нема да си замине од „Сигнал Идуна парк“, но секако прво ќе мора да се разговара со неговиот агент Мино Рајола. Иако се нудат до 150 милиони евра за услугите на Халанд, Дортмунд ризикува двојно помала заработка идното лето, ако се знае дека од јуни 2022 година се активира клаузулата од 75 милиони евра.

„Немаме алтернативен план. Посакуваме Халанд и следната сезона да игра за нашиот тим, секако доколку е среќен да остане. Ќе разговараме со неговиот агент, како и со татко му на оваа тема. Ист е планот и со Санчо. Доколку не планира промена на средината, за нас ќе биде добро да остане тука“, посочи Вацке.

Со 33 погодоци во вкупно 32 настапи, Халанд оваа сезона е еден од најдобрите голгетери во Европа, а утре против Манчестер сити во ЛШ ќе има нова прилика да докаже дека е првокласен напаѓач иако има само 20 години.

- Оглас -

Најнови вести