Директорот на Фиорентина заразил девет членови на семејството

Фиорентина пред неколку дена потврди дека имало шест случаи на заразени со ковид-19, а меѓу нив бил и спортскиот директор Даниеле Праде. Директорот воедно вирусот го пренел и дома, заразувајќи девет членови на своето семејство, меѓу кои и ќерката и сопругата.

„Го почувствував вирусот на своја кожа. Го однесов дома и заразив девет членови на семејството вклучувајќи ги и мојата сопруга и нејзините родители, мојата ќерка и уште неколку роднини. Најмногу се плашев за родителите на мојата сопруга. Тие поминаа триесетина дена и се бореа за нивниот живот, но, за среќа, сè помина добро“, истакна Праде.

Иако при првиот бран тестирања во Серија А се појавија нови случаи во пресрет на враќањето на групните тренинзи, одлуката останува сезоната да продолжи на 13 јуни, а екипите од 18 мај да почнат групно да тренираат.

- Оглас -

Најнови вести