Дивац го напушта Сакраменто за да навива за Партизан

Легендата на српската кошарка, Владе Дивац, в четврток ќе биде меѓу навивачите на фудбалскиот клуб Партизан на гостувањето на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед во Лига Европа.

Присуството на Дивац во Англија го најави новинарот Жељко Пантиќ, кој е близок пријател на Дивац, кој живее и работи во Сакраменто, во САД. Интересно е што за да го гледа Партизан во Манчестер, Дивац ќе го пропушти мечот на неговиот клуб Сакраменто кингс против актуелниот НБА првак Торонто репторс.

„После натпреварот Њујорк никс – Сакраменто кингс, од Њујорк директно во Манчестер ќе замине докажаната партизанова среќа на фудбалските гостувања, Владе Дивац. Така, наместо да биде со својот клуб на дуелот со Торонто, в четврток Владе ќе биде со Партизан во Манчестер. Како што во Њукасл доби ракавици од Ивица Краљ, и сега се очекува слична донација од Владимир Стојковиќ, и резултатот нека биде сличен“ – напиша Пантиќ.

Партизан на пенали го победи Њукасл пред 16 години, и со тоа влезе во групната фаза од Лигата на шампионите. И тогаш на трибините беше Дивац.

- Оглас -

Најнови вести