Добар си е ВАР – Погледнете каков гол не му признаа на Емполи (Фото)

Козенца го победи Емполи со 1:0 со голот на Хаиме Баес, но гостите се драстично оштетени во премиерниот меч од 18. коло во Серија Б.

Гостите постигнаа чист гол, но во Серија Б нема ВАР-систем и погодокот пропадна, иако топката беше барем еден метар зад гол-линијата.

Image

Што е уште полошо, Емполи го загуби мечот и сега заостанува во трката за горниот дел на табелата во обидот да се направи експресен камбек во Калчото. Клубот лани испадна од Серија А и по поразот од Козенца се наоѓа на 13-тото место со 22 бода.

- Оглас -

Најнови вести