Добар како старо вино: Адурис на 38 години потпиша нов договор

Ариц Адурис стави потпис на нов едногодишен договор со Атлетик Билбао, така што ќе игра во шпанската елита и по 38-мата година од својот живот. Адурис е вистинска легенда на клубот, токму во Баскија ја започна сениорската кариера, а од 2012 година е незаменлив на позицијата „деветка“.

Во дресот на Атлетик досега запиша 388 настапи во сите натпреварувања, имајќи предвид дека претходно во два наврати се враќаше во овој клуб. За Билбао прво настапуваше од 2002 до 2004 година, потоа од 2006 до 2008 година, а од 2012 година без прекин ги брани боите на осумкратниот шпански првак.

Во тие 388 настапи, Адурис постигна 171 погодок и 45 асистенции, додека во кариерата ги бранеше боите и на Валјадолид, Мајорка и Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести