Добија забрана за играње затоа што седеле поблиску од два метра до заразен со Коронавирус

Република Ирска синоќа ги загуби шансите за пласман на Европското првенство, откако на гостувањето кај Словачка загуби на пенали со 4:2. Во регуларниот дел и дополнителните 30 минути немаше голови, а Словачка се покажа како подобар изведувач на пенали.

Гостите од Ирска на овој меч беа без двајца играчи кои не добија дозвола за настап поради бизарна причина. Арон Коноли и Адам Идах мораа да бидат надвор од составот, откако било утврдено дека седеле на помалку од два метри од еден член на експедицијата кој бил заразен со Коронавирусот.

Коноли кој е напаѓач на англискиот Брајтон, во текот на патувањето, седел на 1,90 метри од заразениот член на стручниот штаб. Бидејќи немало два метри и тоа за само 10 сантиметри, било утврдено дека Коноли не смее да игра. Од иста причина го немаше ниту напаѓачот на Норич Адам Идах, кој седел на 170 сантиметри од заразениот човек.

Поради неодржување на дистанца од два метри, двајцата репрезентативци на Република Ирска не играа во клучниот меч за нив, кој го загубија без да дадат гол во 120 минути игра.

 

- Оглас -

Најнови вести