Добри вести: Во Вардар нема заразени од ковид-19

ФК Вардар потврди дека во нивните редови нема ниту еден заразен од вирусот ковид-19, информира клубот преку официјалната фан-страница на „Фејсбук“. Резултатите ги добиле денес по вчерашните тестирања. Фудбалерите и сите вработени во клубот се негативни.

Лидерот во ПМФЛ тестирањата ги изврши во скопска приватна клиника, а по добрите вести, тимот ќе продолжи без препреки да се подготвува за рестартирањето на сезоната кое е најавен за средината од јуни, по што ќе продолжи походот на Црвено-црните кон нова титула во домашниот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести