Добриот глас за Лејкерс далеку се слуша, лошиот уште подалеку

Лос Анџелес лејкерс нема многу успех во обидот да привлече барем една Ол-стар ѕвезда во тимот, што би му помогнала на Леброн Џејмс да тргне во поход на титулатаво НБА лигата. Секако од идната сезона, бидејќи за оваа што се уште е актуелна популарните „езерџии“ се без шанса за настап во плејофот.

Една од утките е и рампата што ја добија од Пол Џорџ, кошаркар кој е роден во Калифорнија, но ги одби Лејкерси и потпиша нов договор со Оклахома тандерс. Клучен за ваквиот развој на настаните е Кори Бруер, играч што настапуваше за тимот од Ел-Еј, но беше избркан.

И потоа се одеше контра плановите на Лејкерс, кои го сакаа Џорџ, но погрешија со Бруер. Кори е голем пријател со крилото на Оклахома и само му ја раскажа приказната и начинот на кој беше отстранет од клубот, па одлуката на Џорџ беше да не оди во Лос Анџелес.

На вториот најтрофеен клуб во НБА лигата по Џорџ им пропадна и планираниот трансфер на Ентони Дејвис во мини-преодниот рок во февруари, а и тука „езерџиите“ сами си ја закомплицираа работата, слично како и во случајот со Бруер.

Се подалеку од Лејкерс е и крилото на Голден стејт вориорс Кевин Дурант. Тој е на прагот да се пресели во Њујорк никс, па опциите за шампионски тим за 16-кратниот НБА првак се стеснуваат, иако Лос Анџелес како град и Лејкерс како франшиза со 16 титули се привлечни за големите спортски ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести