Додека ја славеше титулата со Интер, Тирам упати тешки провокации кон Милан

Напаѓачот на Интер, Маркус Тирам, се соочува со санкција поради неговото несоодветно однесување за време на прославата на шампионската титула на Интер. Францускиот репрезентативец се истакна со своите провокации за време на шампионското возење со отворен автобус низ Милано, па сега се соочува со казна.

Тирам најпрво подигна еден транспарент на којшто имаше стаорец во црвено-црна комбинација, односно боите кои го симболизираат Милан. Потоа Французинот истакна и транспарент на кој пишуваше „Победите од дерби-мечевите да си ги ставите во задниците“.

Најавите се дека Тирам ќе добие парична казна поради истакнување на овие навредливи транспаренти. Интер сезонава ја освои двојната круна, за првпат по пауза од 16 години.

- Оглас -

Најнови вести