Додека НБА клечеше за рамноправност, ексрепрезентативец на САД ги предводеше протестите во Вашингтон (фото)

Кошаркарите од НБА лигата ноќеска клечеа на колена и се спротивставија на протестите кои се случуваат во Вашингтон, а еден нивен поранешен колега застана на страната на демонстрантите кои упаднаа во владините објекти.

Дејвид Вуд, поранешен член на неколку НБА екипи, но и шпанската Барселона, беше меѓу предводниците на протестите. Вуд преку својот профил на „Фејсбук“ известуваше во живо околу инцидентите во Вашингтон, а една од објавите која привлече внимание е:

„Луѓето се гневни бидејќи нивните гласови се изманипулирани. Пред новиот претседател да даде заклетва, ќе посведочите на шокантни откритија во кои изборите се наместени, а Трамп ќе остане претседател уште четири години“, напиша Вуд.

Дел од кариерата Вуд ја мина во Шпанија, покрај Барселона играше уште за Фуенлабрада, Уникаха, Таугрес и Мурсија, а поради својата борбеност под обрачите го доби прекарот „Гладијатор“. Се чини дека Вуд се соживеа со прекарот и како таков беше меѓу најактивните во немилите сцени.

Вуд своевремено беше и репрезенатативец на САД, во 1998 година го освои бронзениот медал на Светското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести