Додека сите фотографираа, само еден човек уживаше во историскиот поен на Леброн и го остави мобилниот телефон во џебот (Фото)

Кошаркарот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс, утринава испиша историја, стана играч со најмногу постигнати поени во НБА-лигата, надминувајќи го рекордот на Карим Абдул Џабар, а само еден човек во „Крипто.ком арената“ во Лос Анџелес уживаше во историскиот поен.

Џејмс во третата четвртина од дуелот против Оклахома сити тандерс од свртување го постигна поенот со кој го помина Абдул Џабар на вечната листа на најдобри стрелци, а во тие моменти беше направена фотографијата која го обиколи светот.

Имено, речиси сите навивачи во Арената, со мобилните телефони во рацете го чекаа моментот кога Џејмс ќе испише историја во НБА, само еден човек седеше на своето столче во првиот ред и вистински уживаше во моментот.

Тоа беше Фил Најт, основачот на производителот на спортска опрема „Најки“, 27-миот најбогат човек на светот, кој својот мобилен телефон го остави во џебот.

- Оглас -

Најнови вести