Доха како Лондон – Тејлор повторно го победи Клеј во трискок

Кристијан Тејлор и Вил Клеј повторно имаа голема пресметка на Светско првентство во трискок, а титулата не го смени сопственикот.

Тејлор имаше повеќе нерви и подолга далечина и со прескокнати 17 метри и 92 сантиметри го победи сонародникот од САД за четврто злато на Мундијалите во атлетика.

Клеј долго водеше, успеа да доскокне до далечина од 17,74, но повторно не успеа да го победи најдобриот на светот.

Третото место и бронзениот медал го освои Хју Фабрис Занго од Буркина Фасо со нов африкански рекорд во трискок од 17,66 и за четири сантиметри го победи Португалецот Педро Пабло Пикардо.

- Оглас -

Најнови вести