Дојде на позајмица, се затреска во Милан, па за преселба на „Сан Сиро“ прифаќа и помала плата

Тиму Бакајоко, играчот за врска на Челзи, наводно би прифатил помала плата само за да го реализира трансферот во Милан. Росонерите се интересираат за играчот кој беше кај нив на позајмица во сезоната 2018/19 и запиша 42 настапи во сите натпреварувања.

Јасно му е на Бакајоко дека во Челзи нема иднина, па по завршувањето на позајмицата во Монако, активно бара нов клуб. Желба му е повторно да игра во црвено-цниот дрес, по што одлучил да прифати смалување на платата од 3,5 милиони евра на 3 милиони евра годишно, или 500.000 помалку.

Челзи наводно ќе се задоволи со сума од 30 милиони евра за услугите на Бакајоко, но управата на Милан моментално работи да добие барем малку попуст.

- Оглас -

Најнови вести