Доказ дека трампата Саул – Гриезман е блиску да се комплетира (фото)

Антоан Гриезман е сè поблиску да се врати во Атлетико Мадрид, за кого шпанскиот првак ќе го жртвува Саул Нигез, кој во директна размена треба да биде нов играч на Барселона.

Доказ дека двата клуба активно работат на оваа размена е фактот што Каталонците го отстранија Гриезман од видеоспотот за претставување на новиот гостински дрес.

На фотографијата погоре, Французниот позира со новата униформа на Барса, меѓутоа не се најде во спотот, што е знак дека репрезентативецот на Триколорите наскоро повторно ќе игра под палката на Диего Симеоне. Инаку, се очекува Барселона да доплати одредена сума за услугите на Саул, со оглед на тоа дека цената на Гриезман значително опадна на трансфер-пазарот.

- Оглас -

Најнови вести