Документарниот филм за Иниеста е подготвен, наскоро премиера

Документарен филм за животот и кариерата на Андрес Иниеста премиерно ќе биде прикажан следната недела, поточно на 23 април. Филмот ќе се прикажува на „Ракутен ТВ“,  во сопственост „Ракутен“, генералниот спонзор на Барселона и на неговиот последен клуб, јапонскиот Висел Кобе.

Во филмот за легендарниот Шпанец актерски улоги имаат уште Пеп Гвардиола, Лео Меси, Чави Ернандес, Карлес Пујол, Жерарт Пике, Самуел Ето, Нејмар, Луис Енрике, Џиџи Буфон, Серхио Рамос и многу други, имиња поради кои со нетрпение се чека премиерата.

Терминот за документарецот е четврток, 23 април, а ќе биде достапен на платформата Ракутен ТВ.

- Оглас -

Најнови вести