Доминација на Џејмс во кошаркарската Мека, Лејкерс гази сè по ред (видео)

ЛА лејкрес ја потврди одличната форма со гостинската победа над Чикаго булс со 118:112. Езерџиите наредија шест победи во низа и имаат најдобар скор на Западот, а најзаслужен за новиот триумф повторно е Леброн Џејмс. Кралот доминираше во „Јунајтед центарот“ со трипл-дабл учинок, трет во низа. За 35 минути поминати на теренот реализира 30 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Иако Чикаго имаше контрола врз резултатот во поголемиот дел од средбата, гостите од Лос Анџелес успеаја да ја анулираат негативата од -19 поени во последната четвртина која ја одбија со убедливи 38-19. Покрај Џејмс, голем придонес за пресвртот имаше и Кук со 17 поени, Дејвис и Кузма реализираа по 15 поени, додека од редовите на Чикаго најрасположен беше Зек Лавин со 26 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=JPjTfIdF7eU

Останати резултати НБА:

Шарлот хорнетс 122:120 Индијана пејсерс, Кливленд кавалирс 113:119 Бостон селтикс, Атланта хокс 108:100 Сан Антонио спарс, Оклахома сити тандер 102:94 Орландо меџик, Денвер нагетс 109:89 Мајами хит.

- Оглас -

Најнови вести