Дончиќ феноменален, но Далас загуби и сега е надвор од Топ 10 на Западот (Видео)

Лука Дончиќ одигра одличен индивидуален натпревар, но неговиот Далас на крајот загуби од Мајами со 129:122, па сега Маверикс паднаа на 11-тото место на Западот. Со ваков пласман, Далас воопшто нема да може да се бори ниту за оние позиции кои носат дополнително разигрување за место во плејофот.

Дончиќ мечот го заврши со 42 поени, 10 скока и осум асистенции, а шутираше со феноменални 17 погодени од 25 шута. За Словенецот ова е 14-ти меч сезонава на кој постигнува 40+ поени, а на оваа средба ја надмина бројката од 9.000 поени во НБА кариерата. Освен поените, Лука покажа дека знае да има фантастични додавања во стилот на Никола Јокиќ.

Кај Далас, Тим Хардевеј даде 31 поени, а Кајри Ирвин постигна 23 поени, па сите останати кошаркари на гостите заедно постигнаа само 26 поени. Кај Мајами предводник беше Џими Батлер со 35 поени, Зелер додаде 20, а Кевин Лав застана на 18 поени.

Домашниот терен го искористи и Њу Орлеанс кој славеше против Лос Анџелес клиперс со 122:114. ова беше директен дуел на екипи кои се борат за шестото место на Западот каде Клиперс засега има 41 победи и 38 порази, а Њу Орлеанс е со 40 победи и 38 порази.

Брендон Инграм со 36 поени и Јонас Валанчиунас со 23 поени и 12 скока беа најдобри во победничкиот тим, а најпрецизен на теренот беше Каваи Ленард со 40 поени, но тоа не му помогна на Клиперс да се радува на крајот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести