Дончиќ: Мислев дека е некој Словенец, а тоа Коби (Видео)

Лука Дончиќ изведе аут, а еден гледач во првиот ред му дофрли нешто по што Словенецот се сврте да види кој е и се изненади кога сфати дека е Коби Брајант. Двајцата се насмеаја и се поздравија, што наиде на одобрување од публиката во „Стејплс центарот“. По мечот, Дончиќ изјави дека мислел дека е некој Словенец бидејќи Коби му кажал нешто на неговиот јазик.

Тука не заврши комуникацијата на легендата на Лејкерс и НБА со младиот Словенец. По завршувањето на средбата, тие повторно разговараа, се смееја, а Коби го замоли Лука да се фотографира со неговата ќерка.

Брајант беше во улога на фотограф.

- Оглас -

Најнови вести