Дополнително освежување за Зидан: Иско закрепна порано од очекуваното

Иско Аларкон, плејмејкерот на Реал Мадрид, вечерва може да настапи првпат по продолжувањето на сезоната откако ја надмина повредата на бутниот мускул.

Иако му се предвидуваше пауза до средината на јули, шпанскиот играч за врска закрепна многу порано од очекуваното и ќе биде во конкуренција за настап против Мајорка. Иско претхдно ги пропушти дуелите против Валенсија и Реал Сосиедад, додека против Ејбар остана на клупата за резерви, по што вечерва го очекува првиот посткорона настап.

Реал ќе треба да ја совлада Мајорка, која се бори за опстанок, за да може повторно да го преземе лидеркото место на табелата од Барселона, која пак вчера минимално славеше против Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести