Македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев ја продолжи верноста кон Согдијана, тимот од Узбекистан, откако потпиша нов договор со којшто ќе остане во клубот до крајот на 2030 година.
Веста беше официјално потврдена од раководството на клубот од Џизак, кое истакна дека Дориев претставува еден од најважните фудбалери во тимот и значаен дел од долгорочните планови и амбиции на Согдијана.
Од своето доаѓање во Узбекистан во летото 2023 година, македонскиот офанзивец се наметна како еден од лидерите на екипата и миленик на навивачите. Со своите настапи и константни добри игри, тој се вброи меѓу најдобрите странски фудбалери во шампионатот.
Статистиката дополнително ја потврдува неговата важност за тимот. На 74 првенствени натпревари, Дориев има ефект од 38 гола и 21 асистенција, бројки што го вбројуваат меѓу најефикасните и највлијателни играчи во узбекистанската лига.
View this post on Instagram

