Дортмунд го доби дербито на Борусија

Дортмунд со минимални 1-0 против Менхенгладбах го доби дербито на Борусија и се врати меѓу водечките екипи во Бундеслигата. Милионерите го остварија дури четрвртиот триумф по осум кола во германскиот шампионат, а трите бода ги донесе капитенот Марко Ројс.

Токму ексиграчот на Менхенгладбах мораше да биде желатот на актуелниот лидер на табелата, мрежата ја гостите ја погоди цо 58-та минута по одличното проигрување од Торган Азар. На Милионерите им беа поништени два гола во текот на средбата на „Сигнал Идуна парк“, во првото полувреме ВАР ја спречи радоста на Белгиецот, а во финишот од мечот и Брант се разочара поради недозволена позиција.

Дортмунд по ова коло се изедначи со Баерн Минхен по бројот на бодови (15), додека Менхенгладбах со еден бод повеќе, исто колку што има и Волфсбург, останува на челната позиција на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести