Дортмунд ја презеде контролата во дербито, потребно е да се разбудат и другите екипи

Ривердербито засега е во знакот на Борусија Дортмунд кои водат со сигурни 2-0 против Шалке по првите 45 минути во мечот од 26-тото коло. Халанд го скрши мразот со првиот гол воопшто по рестартот на сезоната во Бундеслигата, а пред паузата Гереиро зголеми на 2-0 во корист на составот на Лусиен Фавр.

Можеби се очекуваше да има барем по еден гол на сите пет средби кои занпочна во 15.30 часот, но Волфсбург и Фрајбург носат надеж дека вториот дел ќе биде поефикасен. Двете екипи водат со минимални 1-0 на гостувањата кај Аугзбург, односно Лајпциг, додека без голови е на дуелите Фортуна Д. – Падерборн и Хофенхајм – Херта.

- Оглас -

Најнови вести