Дортмунд како да не сака да игра во ЛШ, но Ајнтрахт и Волфсбург сигурно сакаат (видео)

Борусија Дортмунд претрпе тежок пораз од 1-2 против Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен, со кој си наштети во битката за пласман во Лигата на шампионите.

Милионерите надополнуваа негатива преку Хумелс во истекот на регуларните 45 минути, откако претходно Шулц си постигна несреќен автогол по само 11 минути игра. На гостите им беше поништен гол во 65-тата минута, но сепак Андре Силва во финишот го најде патот до мрежата на Хиц и ги освои бодовите за Ајнтрахт.

Нападот на домаќините не функционираше, па така Дортмунд нанижа два меча без победа кои го оддалечија од четвртото место на седум кола до крајот на шампионатот во Бундеслигата.

Ајнтрахт останува на четвртото место со 50 бода, седум повеќе од денешниот ривал, додека Волфсбург со минималните 1-0 против Келн, се зацврсти на третата позиција со 54 бода.

Останати резултати 27-коло Бундеслига:

Аугсбург 2-1 Хофенхајм, Леверкузен 2-1 Шалке, Мајнц 1-1 Арминија.

 

- Оглас -

Најнови вести