Досега невидено: Ла Лига со 2,7 милијарди евра ги спасува прволигашите

Раководството на Ла Лига донесе одлука преку својот инвестициски фонд да им помогне на клубовите околу финансиската криза.

Од вкупниот приход на шпанската лига ќе се издвои 10%, односно 2,7 милијарди евра ќе се поделат меѓу 20-те прволигаши, а најголем дел од колачот ќе добијат Барселона и Реал Мадрид. Сума од 270 милиони евра ќе заврши на сметка на Каталонците, за Кралевите се предвидени 261 милион евра.

Сепак, само 15% од поделените суми клубовите ќе може да ги искористат за трансфери, па Барса за нови играчи ќе може да потроши околу 40,5 милиони евра, додека Реал може да издвои околу 39 милиони евра. Од Барселона се очекува да ги искористи парите за финансирање на нов договор за Лионел Меси, додека инвестицијата би требало да му помогне на Реал да го добие потписот на Килијан Мбапе.

 

- Оглас -

Најнови вести