Досегашниот капитен на Милан пред портите на Лацио

Алесио Ромањоли е на прагот да стане нов член на Лацио, каде треба да пристигне како слободен играч.

Досегашниот капитен на Милан ја заврши соработката со актуелниот италијански шампион и реши да остане во Серија А, иако имаше примамлива понуда од Фулам.

Ромањоли ќе потпише петгодишен договор со Лацијалите со заработка од три милиони евра по сезона. Ќе има и одредени бонуси доколку Лацио го освои Скудетото, како и пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести