Доживотна забрана за фудбалерот што напаѓаше со жилет

Фудбалската федерација на Турција му одреди четиригодишна казна на Мансур Чалар, а бидејќи секоја казна поголема од три години се смета за доживотна во оваа земја, 33-годишниот фудбалер повеќе никогаш нема да игра фудбал, барем не на професионално ниво.

Чалар е казнет поради инцидентот кој се случи во мечот против Сакаријаспор, во кој фудбалерот со жилет ги напаѓаше противниците и им нанесе посекотини на неколку места од телото.

Тој е втор член на третолигашот Амед кој добил доживотна суспензија, откако минатата година поради сосема различни причини иста казна доби и Дениз Наки.

Турската фудбалска федерација го казни и клубот, па Амед во следните два првенствени меча во третата лига на Турција ќе игра пред празни трибини.

- Оглас -

Најнови вести