Драма во Белград – дојава за бомба во авионот со српските кошаркарки

Младата женска репрезентација на Србија во кошарка доживеа непријатност на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград откако беа евакуирани пред самото полелтување бидејќи стигнала анонимна дојава за присуство на експлозивна направа во авионот на германската компанија „Луфтханза“.

Српските кошаркарки требаше од Белград да заминат за Франкфурт, а потоа од таму до нивната крајна дестинација, Шпанија, каде што треба да играат турнир како дел од подготовките за Европското првенство кое е на програмата од 3 до 11 август.

По дојавата дека има бомба во авионот, контрадиверзиската екипа на полицијата дојде да го провери авионот кој од безбедносни причини беше поместен на поизолирано место.

- Оглас -

Најнови вести