Драма во Белград: Партизан ќе испуштеше +20, Црвена ѕвезда немаше сили за пресврт

Првиот меч од полуфиналната серија на Јадранската АБА-лига помеѓу вечните српски ривали, Партизан и Црвена ѕвезда, комплетно ги оправда очекувањата. „Црно-белите“ дојдоа до водство од 1-0, откако пред својата публика славеа со 100-94, иако на крајот дојде до неочекувана драма.

Партизан имаше водство во текот на целиот меч, а на стартот од последната четвртина таа беше изразена дури со 20 поени разлика. Сепак, кошаркарите на Црвена ѕвезда успеаја да се вратат и на 30-тина секунди до крајот да намалат само на три поени.

Сепак, една грешка при изнесување на топката од својата половина, на крајот ги чинеше пораз од шест поени разлика.

Нвора со 31 поен беше убедливо најефикасен на паркетот во Белград, но и тоа не беше доволно за неговата екипа да победи. Во победничкиот состав најефикасен беше Вашингтон со 22 поени. Следниот меч од серијата се игра во четврток.

- Оглас -

Најнови вести