Драма во Гевгелија и прволигашки покери за успешен старт во националниот куп

Кожува беше на прагот на големо изненадување во првото коло од националниот куп на Македонија, но не успеа во регуларниот дел да издржи во финишот, а потоа утна пенал во седмата серија и Ренова оди понатаму.

Гевгеличани водеа со 3:2, но примија гол во 86-тата минута, а потоа во пенал-серијата клучна беше утката во 14-тиот обид.

Среда беше ден за покери на прволигашите, а со победи од по 4:0 понатаму минаа Работнички, Силекс и Борец. Четири гола постигна и бранителот на трофејот Шкендија во триумфот од 4:1 против Гостивар, а петарда „испука“ Шкупи против Тетекс и со победа од 5:1 оди понатаму.

Подвиг приреди Охрид со победа против Беласица на пенали, откако во регуларниот дел беше 1:1.

Резултати, прво коло: Кожув – Ренова 3:3 (5:6 на пенали), Охрид – Беласица 1:1 (4:5 на пенали), Фортуна – Силекс 0:4, Тетекс – Шкупи 1:5, Превалец – Борец 0:4, Гостивар – Шкендија 1:4, Влазрими – Работнички 0:4.

- Оглас -

Најнови вести