Драма во која Кирјос му наби комплекс на Циципас

Ник Кирјос го доби драматичниот дуел против Стефанос Циципас по четири исцрпителни сета со 6-7, 6-4, 6-3 и 7-6 за пласман во топ 16 фазата на Вимблдон. За Австралијанецот ова е петта победа во вкупно шест меѓусебни средби против грчкиот тенисер.

Во првиот сет гемови се освојуваа на сопствени сервиси, двајцата играа без грешка до тајбрејкот, кој припадна на Циципас со 7-2. Залудно Гркот поведе, Кирјос го засили темпото и ги доби наредните два сета.

По краток прекин во четвртиот сет, повторно се водеше битка која најави нов тајбрејк, подраматичен од првиот. Циципас имаше сет-топка за да израмни на 2-2, но ја испушти приликата, па Кирјос нареди три поени во низа и ја прослави победата за пласман во осминафиналето на Вимблдон.

Претходно Рафаел Надал со рутински 3-0 го победи Сонего.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести